Добрата душа и желбата на помагање на македонскиот народ не запира!
На неколку денови откако се породи Ислам, првото бебе на бегалка од Авганистан, државава повторно докажува дека хуманоста не смее да биде изгубена, пред се поради тоа што и ние самите како држава знаеме како е да имаш бегалци поради воена состојба не знаеме ништо, во Грција не постои македонски малциснтво, не постојат бегалци.
Имено, неколку невладини организции се понудија да им дадат облека на мигрантите додека ќе трае нивниот престој во државата. Маичките ќе бидат со текст "СЈО", "Јас и верувам на Катица", "Нема правда нема мир" и "Шарена револуција" бидејќи веќе неколку години никој ги нема купено тие маички па е останат голем број на вишок маички кај дел од невалдините здруженија во државава.
Што друго да кажеме освен со здравје нека им е на жителите на Авганистан и се надеваме дека на никој од бегалците не му текнало пред пар години да гугла за СЈО, Катица, Шарена револуција или немање мир секогаш кога нема да има правда.