Невладините организации во земјава КОНЕЧНО се огласија!
Најверојатно ќе беа побрзи ако стануваше за коментар на фејсбук од страна на 88 годишен дедо, но еве, не е лошо да се прочита и нивен коментар во борба против омразата.
Имено, тие најцврсто ја осудуваат омразата спрема човекот што вчера пукаше и велат дека за да омразата е причината за се лошо во Северна Македонија.
"До кога со омразата бе. Од кај ја знаете целата приказсна на човекот? Сте седнале на кафе со него да направите муабет? Сте го запрашале каков му а животот? Од кај знаете зошто пукнал? Од кај знаете дека пиштолот не бил празен, а некое дете од страна со петарди пукнало. Знаете? Не знаете ништо од ова, а одма скокате со пресуди. Нема потреба за омраза додека не се дознаат сите детали. Не треба да се избрзува со омразата, бидејќи омразата буди омраза. Ние сметаме дека за се треба да се преговара. Треба да се преговара за име на држава, за знаме на држава, за устав на држава, а секако, треба да се преговара и меѓу тие во кои што се пукаше и тој што (наводно) пукаше. Мора да има дијалог, а не слепо да се држиме за некои си стари документи напишани пред пар декади. Треба да се најде компромис. Меѓу нашата земја и Грција, меѓу нашата земја и Бугарија, меѓу тие во кои што беше пукано и тој што пукаше. Ајде да бидеме паметни. Компромис, а не слепо вреѓање и осудување на нелегални работи. Дијалог, а не омраза!
Љубовта ќе победи!!!
П.С. Како бе тоа "Goce nego dafame, Makedonja ve4na!!!!11!!, а сеа као демек ви смета пукање??? Па мислите Гоце со бакнежи дека се борел??? Тежок националист и криминалец бил и он, ама ај, вие си знаете..." - се вели во соопштението на една високоуспешна и високонеутрална невладилна организација од земјава.