logo

# Сатира

Невакцинираните ќе добијат членска книшка од СДСМ!

насловна слика

Сериозните ситуации бараат сериозни мерки!

 

 

Владата денеска донесе нова мерка која веруваат дека ќе вроди со плод и мотивација за невакцинираните. Целта на оваа мерка е да се вакцинираат 125% од жителите на државата (100% жители на државата, 24% луѓе што еднаш на фејсбук пишале "Македонија" и автоматски со тоа ги исполнуваат правата за добивање на државјанство и 1% Авганистанци)

 

 

"Миле, ми текна!" - кажа Венко Филипче на пресот на Владата.

 

 

Откако нашиот новинар му кажа дека не се вика Миле, Венко се поправи:

 

"Добро, ок, не е битно како се викаш. Битно е дека ми текна! Новата мерка на Владата ќе биде следнава - ЧЛЕНСКА КНИШКА ОД СДСМ ЗА СЕКОЈ ШТО НЕ СЕ ВАКЦИНИРА! Очигледно овие што не се вакцинираат немаат страв од ништо. Мора сериозно да ги исплашиме! Затоа, секој што не е вакциниран автоматски ќе биде внесен како член на СДСМ! За да се спаси човек од овој неверојатен срам ќе мора да се вакцинира. Веруваме дека ова ќе вроди со прод, бидејќи да бидеме реални тоа да си член или симпатизер на СДСМ е полошо и од најлошиот случај на КОВИД! Ова дефинитивно ќе вроди со плод!" - задоволно изјави Венко.

Коментари


Остави коментар