logo

# Сатира

НЕОФИЦИЈАЛНО: Маричиќ не каснал ни залак откако се прскаше против комарци!

насловна слика

Од неофицијални извори, поточно од роднини на соседите на министерот за правда Бојан Маричиќ, дознаваме дека иако не признава тој сепак, се соочува со проблеми со апетитот откако се прскаше против комарци на територијата на нашата земја.

„Масата полна – преполна“. – рече Рада, а сопругот Петре се надоврза „Да, тој ниту кифла, ниту чајна да земе. Таа комбинација посебно ја сака пред да се стави ручекот. А, ни за ручек не се покажа во најдобро светло! Не! Само гледаше кон небото. Рада моја мисли дека му е од авионите што прскаат. И во право е Рада моја да ви кажам. Еве и мене не ме бива! И налет тоа! Од комарци раат се нема и тие се запесиле! Мислам дека годинава нема раат да видиме од нив до нова година! А масата полна – преполна! – Извика Петре.

„ A тој не касна ни залак!“ – додаде Рада, загрижената роднина на соседите на Маричиќ.

Двајцата, секој со својот двоглед продолжија да гледаат во дворот на Маричиќ.

Коментари

SzpD0TirLTtRznEEgPWmzGgrOdBYPuau6cTdFSPl

Laga

SzpD0TirLTtRznEEgPWmzGgrOdBYPuau6cTdFSPl

Laga

krud2nCIwfzFfyYFnJJ93Ml1O2T9k2KyUhetgs52

Хахаха, се изнервира погоре ликов...


Остави коментар