logo

# Сатира

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА: Паркингот кај поликлиниката во Чаир го граделе самовили

насловна слика

Укинат притвор за старите осомничени и распишана потерница по новите, е исходот од досегашната истрага за паркингот кој ненадејно се појави кај поликлиниката во Чаир и каде вчера неправедно беа уапсени двајца бизнисмени кои сосема случајно се затекнале на местото на злосторот.

 

Како што објасни главниот детектив, Артан Груби, новите сознанија за светоста на местото зад поликлиниката покажале дека паркингот го градат мистериозни виши сили, најверојатно самовили, кои кога никој не гледа носат багери и ја тампонираат локацијата.

 

Тој не сакаше да открие дали му е познат идентитетот на самовилите-градители, само кратко ни рече дека интензивно се трага по нив и додека не бидат најдени, надлежните нема да се мешаат во градежните работи на ова свето место.

Коментари


Остави коментар