logo

# Сатира

Немаме резервна планета! Владата ќе ги намали парите за да немате пари за патување!

насловна слика

Владата на нашата република продолжува со зелени одлуки!

 

Ама од оние, еколошките, а не "зелени" во смисла на тоа дека не се зрели, скраја да е.

 

Имено, Владата најави дека од следната година ќе ги намали платите на граѓаните, со цел тие да немаат пари да ја загадуваат планетата!

 

"Знаете ли колку се загадува планетата секогаш кога одите на работа? Знаете ли колку се загадува планетата кога влегувате во автомобил? Знаете ли колку се уништува планетата и живите суштества на истата со секој изеден хамбургер? Премногу!!! Премногу правите штета на планетата со вашиот просечен живот. Затоа, од следната година планираме да ја намалиме просечната плата, со цел граѓаните да не ја загадуваат планетата. Воедно, планираме и да отпуштиме што е можно повеќе граѓани и да затвориме што е можно повеќе фабрики со цел да ја заштитиме планетата од најголемата чума за истата - луѓето. Веруваме дека со овие зелени одлуки ќе ја спасиме планетата! Запомнете, немаме резервна планета! Помогнете и вие со вашата невработеност!" - се вели во соопштението на Владата.

 

Коментари


Остави коментар