logo

# Сатира

Немал каде да ја потроши платата: Македонец најбогат на „Форбс“

насловна слика
Македонскиот државјанин Стојанче Милосавлевиќ се најде на врвот на листата на најбогати луѓе во светот објавена од магазинот „Форбс“. Причината за овој историски успех на Стојанче Милославлевиќ е тоа што, како што вели, немал каде да ја потроши платата, па неговото богатство вртоглаво почнало да расте. Се очекува во блиска иднина поради овој нејасен феномен на листата на најбогати луѓе на „Форбс“ да се приклучат голем број на македонски државјани. По успехот на Стојанче Милосавлевиќ, на второто место на листата падна извршниот директор на „Амазон“ - Џеф Безос, додека трет на листата е Бил Гејтс, кој доживеа голем пад откако неговиот план за чипирање наиде на огромен отпор од светската популација.

Коментари


Остави коментар