logo

# Сатира

НЕМА ВЕЌЕ СИРОМАШНИ: „Сиромаштијата“ се исфрла од толковниот речник

насловна слика

Она што не им успева ниту на најбогатите земји во светот, ѝ успеа на Нашата земја, која прва во историјата комплетно ја искорени сиромаштијата од речниците и лексиконите и стана прва држава во светот без збор за луѓето што едвај го преживуваат денот.

 

- Овој, навидум, мал потег, ќе ни реши многу големи проблеми. Да ја земеме за пример социјалната помош! Знаете ли колкави суми исплаќа државата месечно, посебно откако ја зголемивме помошта? Нормално дека не знаете, не знам ни јас, ама сигурно се многу. Е тие пари ќе ни останат на нас, функционери...се извинувам, граѓаните. – рече премиерот Заев.

 

Освен повлекувањето на зборот, ќе биде изготвен и закон за борба со сиромаштијата, со кој ќе се им забрани на граѓаните да живеат во беда, а тие што ќе продолжат да бидат сиромашни ќе бидат најстрого казнети.

Коментари


Остави коментар