Откако Левица предложи следните избори да функционираат со една изборна единица, главната партија во државава - СДСМ рече дека тоа звучи како добра идеја и дека немаат ништо против.
ДУИ, од друга страна, семта дека тоа не е добра идеја.
Затоа, главната партија во државава - СДСМ, реши дека нема потреба од една изборна единица.
Сепак, дознаваме дека партиите во моментов дебатираат за нови идеи кои би го смениле моменталниот изборен процес.
Имено, од ЛЕВИЦА предложуваат на следните избори да се гласа на фејсбук - и лидерот со најмногу лајкови да стане нов премиер.
Од ВМРО предлагаат лидерите на најголемите партии да се соберат и да го искачуваат Водно, па кој прв ќе се искачи, тој да стане новиот премиер. Овој предлог се допаѓа на Мицкоски и Коста Петров кој како што веќе знаеме, е огромен фан на искачување на врвот.
Од ДУИ велат дека можеби не би било лоша идеја новиот премиер да се одбере преку партија пејнтбол. Што ќе се одржи некаде во шумите и планините во Западна Македонија, а велат и дека имаат искуство во ова.
Од СДСМ се уште немаат став и очекуваат во секој момент да им пристигне мејл со нивниот став.