logo

# Сатира

НЕМА БЕГАЊЕ ОД ПРАВДАТА: Картонска макета на Грујо ќе ги одлежи казните кои му ги изрече судот

насловна слика

Генијалната идеја на тетовското СВР, кое на надвозникот над автопатот Скопје-Тетово постави макета од полицаец за да ја контролира брзината на возачите, ја инспирираше судската власт да го реши проблемот кој со години им го руши рејтингот и еднаш-засекогаш да го смести Груевски зад решетки.

 

Имено, по примерот на СВР Тетово, картонска макета на бившиот премиер веќе е на пат кон Идризово и многу набрзо ќе почне со отслужување на повеќе последователни казни, одредени од македонските судови.

 

- Ова нека им биде лекција на сите што мислат дека можат да избегаат од казната. Правдата е спора, но на еден или на друг начин, ќе ве стигне без разлика каде се криете. - изјавија од Министерството за правда, од каде и потекна идејата за затворањето на Груевски.

 

Од таму велат дека во моментов се преговара со уште неколку осуденици за отслужување на казните на истиов начин, но за сега нема постигнат договор со адвокатите на Мијалков.

Коментари

uhsOhKRBtStUcG2WL8mlSDlYOCs2Suwd2hA0HsGW

Vistinito MEDRANO sudski cirkuzi


Остави коментар