logo

# Сатира

НЕФИ НАГРАДУВА: Следниот претепан охриѓанец ќе добие бесплатно лекување во Коснозглобна

насловна слика

„Бесплатно лекување на повреди во Коснозглобната болница во Охрид“ е главната награда од наградната игра во организација на првиот охридски воспитувач, Нефи У., за следниот среќник што ќе ја има честа да добие воспитни шамари од гореспоменатиот господин.

 

Според правилата, премијата ќе биде доделена по случаен избор, а потенцијални добитници може да станат сите оние охриѓани, кои на било каков начин ќе се спротивстават на волјата на воспитувачот или ќе се обидат да замешаат прсти во некој од неговите бизниси.

 

Како што дознаваме, по завршувањето на наградната игра, со истепани 5 охриѓани за само 3 години, господинот ќе избие на второто место на вечната листа, веднаш зад апсолутниот рекордер, византискиот император, Василиј Втори, чија предност полека се топи.

Коментари


Остави коментар