Одлични вести за сите небањати и сите што мирисаат како небањати!
Претеседателот на земјава најави дека ќе ги одликува со медал сите небањати!
"Цело време читам негативни коментари на интернетот за некакви си небањати граѓани. Сметам дека е време да се престане со омразата и да се награди нивниот дел во борбата против глобалното затоплување. Тие не трошат струја. Тие не трошат вода. Тие штедат пари и помагаат на планетава. Сметам дека поради ова, сите небањати граѓани на земјава заслужуваат да се сретнат со мене за да им дадам претседателски орден. Воедно, ги охрабрувам и останатите граѓани да не трошат вода или струја и да се придружат на се поголемиот број на небањати граѓани во земјава. Заедно сме посилни - заедно сме небањати!" - гласеше фејсбук статусот на Стево Пендаровски.