Не запираат масовните протести во Скопје кои започнаа пред десетина денови како реакција на граѓаните поради убиството на ракометарот Денис Тот!
Под мотото "Пробавте да скриете убиство" илјадници граѓани неуморно протестираат во главниот град, а има планови овие протести да се прошират и низ другите градови.
"Катастрофа!!! Убиле ракометар!!! И лажеа дека нема камери! И лажеа дека не знаеле дека е претепан! Лажеа дека немало знаци на насилство! Лажеа! ПРОБАА ДА СКРИЈАТ УБИСТВО! Нема да им пројде!!! Многу сум револитран!!! Мислеа дека ќе се заборави ова за пар денови??? НЕМА ДА ИМ ПРОЈДЕ БЕ!!!" - изјави еден видно нервозен граѓанин во моменти додека со боја фрлаше по зградата на МВР.
Особено радува тоа што овие протести не се политички мотивирани и се навистина спонтани.
"Бев дел од Шарената Револуција. Тогаш реков дека ќе излезам на улица секогаш кога ќе има неправда во земјава и ќе излезат видеа што некој моќник пробува да скрие убиство! Еве, до сега повеќе од 200 пати имам излезено последниве години. И не само јас, илјадници други истото тоа го прават. Ова е само доказ дека Шарената Револуција е спонтана и дека не е политички мотивирана. Ќе продолжиме да протестираме!!! И да, кога ќе падне СДСМ од власт, ќе протестираме и против ВМРО-ДПМНЕ ако ги прават истите работи! Секогаш штрајкуваме против неправди и воопшто не сум политички определен! Супер е да се види народ на улиците!' - изјави друг учесник на протестите.
Што друго да се каже освен - Браво!