logo

# Сатира

НЕ СМЕ СО ПРАЗНИ РАЦЕ! ЕУ НИ ДАДЕ ЈАБОЛКО!

насловна слика

Одлични вести во морето на депресија доаѓа од владата на нашата земја!

 

Имено, по кој знае кој пат се докажа дека ЕУ смета на нашата земја! Овој пат, нашиот премиер на нашата земја доби јаболко! Ако ова не е доказ дека ЕУ нема да не остави со празни раце, не знаеме што е!

 

"Пресреќен сум со јаболково. Вкусно е. За жал, не можам да земам целосна заслуга за јаболково. Заев има голема заслуга, му чувам еден гриз за следен пат кога ќе се видиме. Преставникот од Бугарија, земја членка на ЕУ ми кажа дека ако направиме уште 55 противуставни работи до крајот на годината најверојатно ќе ми даде и краставица. Знае дека обожавам здрава исхрана и зеленчуци. Ќе пробам се од себе да заслужам и јас зеленчук. А јаболково иако е на заслуга на Заев сепак го гризнав и ме израдува. Браво! Фала Бугарија! Фала ЕУ!" - изјави видно задоволниот Ковачевски.

 

Коментари


Остави коментар