logo

# Сатира

Не сме сами!!! НАТО испраќа помош после пријавените бомби!!!

насловна слика

Moжеби малку чекавме, но сепак помошта од НАТО пристигна!

 

Угодностите што ги нуди членството во НАТО ги чувствуваме секој ден, а ситуацијата со заканите за бомби не е исклучок.

 

Ни најмалку не е изненадувачки што НАТО се грижи за земјава па денеска пристигна првиот од трите пакети помош во борба со справување со заканите од бомби. 

Во продлжение, мејлот од НАТО до владата на земјава!

 

"Почитувана Влада на вашата земја.

 

Ние од НАТО сме навистина вонземирени од ситуацијата во вашата земја. Сметаме дека постои сериозна опасност од тоа да погинат луѓе и секоја закана за бомба ја сфаќаме крајно сериозно.

 

Оттаму, како наша членка вие ќе добиете три пакети со помош.

 

Во првиот пакет што ќе пристигне денеска попладне, ви ги испраќаме нашите мисли за мирен крај на ситуацијата.

 

Следната недела ќе пристигне и вториот пакет со наша помош во кој ќе ги добиете нашите молитви за мирно справување со ситуацијата, а во втората недела од 2023 очекувајте го и последниот пакет со наша помош во кој ќе бидат нашите мисли и молитви спакувани заедно.

 

Со среќа!
 

Не ве оставаме сами!!!!


Ве сака, секогаш ваш,

 

НАТО."

 

Коментари


Остави коментар