Луѓе, престанете да викате дека се и сешто е фашизам.
Прашајте ги луѓето што живееле во вистински фашизам дали вакцинирање го сметале за фашизам?
Не!
Не е фер за сите што навистина живееле во фашистички систем да се жалите.
Тие сами ќе ви кажат дека живеење во фашизам нема врска со тоа дали ќе се вакцинирате или не. Тие живееле во држава каде што на власт со апсолутна моќ биле луѓе што за да стигнат до тоа долгодишно тотално владење убивале и колеле луѓе што не биле дел од нивната идеологија, владееле луѓе што не се грижеле за уставот или законите, немало никакви демократски избори, на луѓето им било одземено правото да се идентификуваат така како што сакаат, живееле во очајна економска состојба, цензурирале книги и менувале историски факти за да им одогвараат на пропагандата за фашизмот, а фашистите си се бранеле меѓу себе у стил на "A be ne e toj fashist, dobar chovek e, samo e nesfaten prijatel". Луѓето што живееле во фашизам имале долги години една иста партија на власт, а таа партија имала една единствена ултимативна цел - голема етно-држава во која што сите ќе го зборат нивниот јазик, сите ќе ги слушаат нивните правила, јавно ќе се фалат за таа цел и не им е гајле колку различни луѓе треба да умрат или колку војни ќе имаат за таа нивна цел.
Едноставно, освен ако не живеете во ваква држава глупаво е да велите дека живеете во фашизам.
Момент, ми ѕвони некој на телефон, ќе довршам статусов после...