logo

# Сатира

НЕ Е САМО РОНАЛДО И КОКА КОЛА! СКОКНАА АКЦИИТЕ НА ВЕГЕТА!

насловна слика

 

Сите добро се сеќаваме на моментот од ова лето кога Кристијано Роналдо извади шише со вода и го тргна шишето Кока Кола. Ова предизвика пад на акциите на гореспоменатиот бренд.

 

 

Сепак, не се сите злобни како Роналдо! Постојат и добри луѓе!

 

 

Имено, кандидатот на ТМОРО за градоначалник - познат меѓу народот како "Haha ej batec go gleashe onoj ludion so vegata sto frlashe? Haha ej car hahaaha" со својата постапка помогна да скокнат акциите на Вегета!

 

"Сфатив дека Вегетата не помага само при готвење. Може да ја фрлате на луѓе што не ви се допаѓаат. Еве, ќерка ми, тинејџерка е, и дадов Вегета за заштита. Пред некој ден некој манијак и се пуштал и пробал да ја нападне, а оваа му фрлила вегета. Вегета е еден од најфеминистичките производи. Помага против политичари, силувачи, манијаци, а секако, помага и за малку вкус во храната. Обожавам Вегета и навистина ми значи што кандидатот на ТМОРО ми ги отвори очите за другите работи за кои што може да се користи истата. Мило ми е што им скокнаа акциите! Заслужено!" - изјави Љ.К. редовен корисник на Вегета.

Коментари


Остави коментар