Конечно, цврст став и на Науката околу тоа како најдобро се лечи коронавирусот!
Многумина до сега пробуваа со најразлични третмани, а голем дел од луѓето сметаа дека вакцината помага најмногу во справување со КОВИД-19, а некои пак одеа контра Венко Филипче и сметаа дека најдобар имунитет е природниот.
Сепак, конечно Науката го има одговорот што сите го чекавме! ПОПИШУВАЊЕТО ЛЕЧИ КОВИД!
"Вистина е. Попишувањето лечи КОВИД. Ако имаш КОВИД и ако се попишеш, големи се шансите да оздравиш. Ако немаш ковид... попиши си се, ќе имаш безбедност до крај на животот. Ова е факт. Слушај што ти зборам, вистина е!" - изјави Перо Перовски со надимак "Науката", невработен човек со завршено основно училиште, член на СДСМ уште од 2016 и горд член на Шарената Револуција.