Ден откако Зоран Заев објави дека просечната плата во вашата земја е на солидно ниво, науката се појави со уште една одлична и научно точна вест!
Имено, науката потврди дека просечен парламентарец од ЛЕВИЦА има нормална фризура!
"Апасиев има долга коса. Крмов е ќелав. Сепак, просечен парламентарец од ЛЕВИЦА има нормална фризура, ниско шишана, онака, лепотанска фризура, да сакаш за домазет да си го земеш човекот со таква фризура. Статистиката потврдува дека поросечниот парламентарец на ЛЕВИЦА има нормална фризура. Секој што е ќелав или има долга фризура, а е член на парламентот како дел од ЛЕВИЦА не спаѓа во просекот. Нели, науката го потврдува ова" - изјави еден познат млад научник за нашата редакција.