Логично беше да се очекува реакција од НАТО за информацијата дека снема струја во "МОБ".
И ете, стигна и официјално писмо од НАТО во кое велат дека навистина им е жал што читаат вести за тоа дека "нема струја во МОБ".
"Почитувани граѓани на вашата земја.
Ние сме организација што се грижи за сите свои членки. Помагаме како и да може, во повеќе сфери од животот.
Затоа, со жалење и неверување ја дочекавме веста за наводно "снемување на струја во МОБ".
Вие сте членка на нашата организација и затоа ние се обврзуваме да ви помогнеме во оваа ситуација која веруваме дека и вас ве разочарува подеднакво исто колку и нас.
Имено, сакаме да ви помогнеме, а помошта доаѓа во форма на тоа што ви кажуваме дека веста "МОБ остана без струја" е лажна.
Не постои МОБ.
Го сменивте името на МАКЕДОНСКАТА опера и балет во НАЦИОНАЛНА опера и балет.
Ова го направивте порди договорот што зајакнува се што е Македонско и само потврдува дека Македонското ќе остане Македонско!
Ете, тоа е нашата помош.
Пренесте им на вашите новинари да не пишуваат за МОБ, туку за НОБ.
Повелете и друг пат.
Ваши,
НАТО." - се вели во писмото на НАТО до земјава.
Браво, знаевме дека ќе има помош!