logo

# Сатира

НАТО до Украина: САМООДБРАНАТА Е ДЕМОДЕ, ПОТПИШЕТЕ ДОГОВОР!

насловна слика

Конечно!  Миротворците од НАТО се објавија со вистинска помош за Украина.

 

Само вистинските мудреци знаат дека еден збор вреди илјада алтани, па затоа може да се каже дека помошта во форма на совет е најдоброто нешто што можеше да го направи НАТО за Украина.

 

Според миротворната организација, само мирот е решение за Украина и побара од Украинците да не се бранат.

 

"Ве молиме. Не се бранете. Престанете со бранење. Еве, ние ќе ве седнеме на зелена маса и ќе направиме муабет. Можеби Путин сака да создаде партија што секоја година загарантирано ќе може да биде во вашата власт и да решава што да прави? Сте размилиле за тоа? Еве, едно време официјален јазик ви беше рускиот, така? После го тргнавте? Зошто да не го вратите? Само со договори во кои ќе му помогнете на Путин да дојде во вашата власт ќе може навистина да се ослободите од него, фаќање пушки во рака нема да ви помогне. Ве молам, не враќајте!" - се вели во писмото на НАТО до Украина.

 

Коментари


Остави коментар