logo

# Сатира

Наставничка доживеала струен удар во обид да сврти страница на е-учебник

насловна слика

58 годишна наставничка по македонски јазик од штипско, утрово се здобила со полесни изгореници откако со влажен прст го допрела мониторот на својот компјутер со цел да заврти страница на новиот електронскиот учебник. 

 

- Се работи за наставничка од постарата генерација, што цел живот предавала од хартиени учебници, па ваквите настани се очекувани за нас. Конкретно во овој случај, проблемот го предизвикала лошата инсталација и стариот монитор, но за среќа без поголеми последици. - рекоа од министерството за образование. 

 

По овој случај министерката Царовска веднаш спремила проект со кој треба да им се помогне на наставниците пред пензија, да се одвикнат од навиката да го лижат прстот пред да вртат страница и веќе се обезбедени 2 милиони евра за курсевите што ќе се одржат за време на летниот распуст. 

Коментари


Остави коментар