logo

# Сатира

НАШИОТ ГРАД КОНЕЧНО СО КОНЦЕРТНА САЛА!

насловна слика

Маму Му Факам (ММФ), патувачката театарска група од Јужен Кингстон, вчера пристигна и во нашиот град каде што во Салата на Универзумот одржа тричасовен хипнотички концерт.

 

Сите граѓани кои не беа присутни на концертот присуствуваа на тричасовната масовна хистерија на аеродромот по повод испраќањето на оваа патувачка сензација. Хистеријата од масовна прерасна во семејна во домовите на несреќните граѓани.

 

Сето тоа доведе до општо незадоволство и опаѓање на инаку одличната продуктивност на една, а всушност и единствена развиена индустриска гранка во нашата држава -  производство на ништо. Поради тоа се јави вишок на нешто на кое никој не можеше да му најде намена.

 

По повод тие случувања Министерството за култура одобри средства за изградба на огромна концертна сала во која ќе можат да се соберат сите граѓани, каде што нивните нервни синапси ќе бидат прочистени од вселенските звуци на светската музичка атракција.

 

Така нашиот град конечно ќе добие концертна сала!

 

------------------

 

Забелешка: Оваа измислена вест е пишувана во 2005 година. Денес, 17 години потоа, Скопје се уште нема вистинска модерна концертна сала. Извор: Арно.мк

Коментари


Остави коментар