logo

# Сатира

НАШАТА ЗЕМЈА СО САНКЦИИ КОН ЕСВАТИНИ!!!

насловна слика

Конечно, една од топ 300 економски сили на планетава - нашата земја, покажа заби! Имено, нашата земја ќе упати економски санкции кон Есватини поради тоа што пред неколку години го смениле името.

 

Како што сите знаеме, Есватини претходно беше нарекувана Свазиленд, а екипата на Кооперација.мк се надева дека сепак владата ќе се предомисли и ќе го укине ембаргото за набавка на производи од Есватини бидејќи секој петок уживаме во подгреан тахрагут.


Овие санкции денеска беа најавени на седница на владата.
 

"Есватини, а? Сакате име да менувате, а? Па што фалеше на Свазиленд бе? Име што насилно ви беше наметнато од страна на колонизаторите од западот. Име што ви беше дадено за колонизаторите полесно да го изговараат. Ленд? Убав збор. Секој што збори англиски знае што значи. А ова? Што е ова бе? Какви Сватовци какви Тини спомнувате? Сакате вашето вистинско име да си го вратите наместо тоа што насилно ви го тутнале пред премногу години? Ако некој од странство сака да ве пороби и да ви го наметне името што на него му одговара... ќе ќутите и ќе го прифатите. Како не ви е срам да си го вратите вашето вистинско име! ПУ ЈАЗ'К! ДА ВИ СЕ ПЛУКНАМ ВО КРАЛСТВОТО СВАЗИЛЕНД! И ДА! Ние засекогаш ќе ве ословуваме со тоа, лажното, името што ви го тутнале колонизаторите! НИКОГАШ ЕСВАТИНИ - САМО СВАЗИЛЕНД! Мамата ваша име-менувачка... пу пу пу..." - кажа видно вознемирен член на СДСМ и човек што обожава да гледа како луѓе од западот колонизираат мали и немоќни држави.

Коментари


Остави коментар