logo

# Сатира

НАРОДОТ ЕДВАЈ ЧЕКА ДА ВИДИ КОЈА ПАРТИЈА ЌЕ ЈА ДОУНИШТИ ДРЖАВАВА

насловна слика

Возбуда и исчекување владее ова утро во нашата земја! Имено, народот едвај го чека моментот на гласање за (не)доверба на владата, а со тоа и јасно да се даде на знаење што следува во државава!


"Едвај чекам! Баш ме интересира дали СДСМ ќе продолжи да ја уништува оваа држава или пак шанса да го уништи и тоа малку што остана ќе добие и ВМРО-ДПМНЕ! Возбудата може да се пресече со нож! А можам и јас! Те молам новинару, пресечи ме со нож, не можам веќе да живеам во ваква неуставен обид за земја, те молам!" - ни кажа еден депресивен граѓанин во анкетата што ја извршивме пред неколку часови.


Со иста возбуда беше и уште еден од анкетираните граѓани кој ни кажа - "Ќе биде јако! Дали ВМРО или СДСМ ќе бидат тие што ќе ги пцуеме поради тоа што се неспособни? Дали ДУИ ќе ја продолжи агендата за Голема Албанија или пак тоа ќе го направат АА или БЕСА? Можеби Павле Трајанов ќе продолжи да лапа пари или пак можеби ќе се пензионира и ќе живее супер живот додека јас се уништувам за минималец 6 денови во неделата? Кој знае!"

 

Со слично мислење беше и третиот анкетиран Македонец кој кажа: "Me vjen keq qe nuk kuptoj maqedonisht. Unë nuk ndjek politikë. Te lutem mos me pyet. Te lutem mos me pyet."

 

Екипата на Кооперација не успеа да добие одговор или мислење од било кој друг од граѓаните бидејќи повеќето пробаа да не' игнорираат.

 

Ќе се задоволиме и со три одговори.

Коментари


Остави коментар