Добро е!
Сите што планираа да го посетат концертот на Руски романси нема да останат дома без планови!
Имено, Министерството за култура реши дека концертот на Руски романси е своевидена про-руска пропаганда, а како таква тие сметаат дека концертот дели порака што е про-војна и про-мешање во суверенитет на други држави.
Денеска беше објавено дека наместо концертот на Руски романси, во Македонската Опера и Балет ќе се одржи нешто сосема друго и нешто што нема врска со војна, воени агресии или мешање во суверенитетот на други држави.
Да, погодивте. НАТО-ФЕСТ 2!
По огромниот успех пред некоја година кога се прослави добиениот влез во НАТО и ЕУ, ќе се одржи и продолжение на овој концерт и тоа наместо концертот на Руски романси.
"НАТО-ФЕСТ 2 ќе докаже дека оваа држава мрази воени агресии! Сите што имаа карти за концертот на Руски романси ќе можат да уживаат во вистинска уметност, а не пропаганда на страна што се залага за војна. Планираме наскоро и нови потези во борба со Руската пропаганда" - се вели во соопштението на Министерството за култура.