Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга и сопственик на универзитет во истиот град, најави дека ќе ја исправи неправдата што им беше нанесена на дел од фудбалерите во македонската репрезентација, откако министерот за надворешни работи Бујар Османи им додели дипломатски пасоши само на селекторот и двајца фудбалери.
- За да спречам раскол пред важниот натпревар со Португалија му наредив на деканатот да спреми 19 магистратури и да ги впише имињата на останатите од тимот. Знаете, дипломатскиот пасош е убава работа, но дипломата е далеку попрактична, зошто фудбалската кариера е кратка и неизвесна. Затоа од срце им честитам на идните магистри, односно идните доктори, под услов да победат на следниот натпревар. - рече донаторот Рамиз Мерко.
Како што дознаваме, трошокот за магистратурите ќе го подмири лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој воодушевен од хуманата мисија на неговиот сопартиец, им наредил на своите директори да одделат средства од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и веднаш да ги префрлат на сметката на универзитетот.