logo

# Сатира

НАЈНОВО: Водителот на „Само вистина“ на инфузија од многу љубов за нашата држава!

насловна слика

 

Водителот на „Само вистина“ Гоце Михајлоски, предозиран од многу љубов искажана кон граѓаните на нашата држава и чиста исконска љубов покажана кон самата наша држава од страна на лидерите на двете грандиозни филантропски партии на маратонскиот историски дуел - веќе не можеше да издржи!

„Јас сум имал многу гости, тоа го знаат и гледачите. Од овој денешен историски маратонски дуел заклучив дека немам одговор – не знам кој повеќе ја сака нашата држава. Ми дојде енормно многу љубов одеднаш. Морам да се отрезнам!“ – рече колегата Гоце и веднаш се упати во центарот за рестартирање на емоциите.

Со тебе сме Гоце!

А ние, остануваме на терен!

Коментари


Остави коментар