Претседателот на пироманското здружение „Пламен“, господинот Огнен Пламенковски денес поднесе барање за соработка со компанијата БРАКО.
Имено,како што вели тој, тие освен што се чувствуваат запоставени се и мошне загрижени бидејќи за нив нема да остане ништо со оглед на тоа што многу од градбите кои се на нивната листа се во сопственост на познатата компанија на Анѓушев.
Со радост ќе го прифатам ова барање од ценетото здружение, под раководство на господинот пироман Огнен Пламенковски, така барем ќе има на кого да се потпрам кога и последниот столб на БРАКО ќе изгори, рече Анѓушев додека го потпишуваше барањето со што му беа врачени и три симболични кутивчиња ќибрит.