Доста беше молк!
Илјадници граѓани најавија протест пред Владата поради новите цени на владата.
Имено, граѓаните се бесни што плаќаар најевтин бензин на Балканот и сметаат дека владат ги потчинува граѓаните и нивната финансиска способност.
Терминот и локацијата на протестот е стандардна - пред влада во 6, а организаторите очекуваат масовна посетеност.
"Што е ова бе контрола на цени??? Мислите ние сме нешто идиоти? Демек сиромашни сме? Демек немаме пари ние за бензин? Алооо бензин е, основна работа е, ќе фрлиме колку пари и да треба! Срамота е ова со цениве. Најевтини цени во Балканот сме имале, така се фалеше премиерот. ПА ЗА ФАЛЕЊЕ ЛИ Е ТОА БЕ??? Сакаме да бидеме во чекор со другите држави! Што сме ние полоши од Црна Гора??? Срамота е тоа да имаме најевтин бензин! Голем дел од цената е ДДВ што оди за добри работи во државата. Што, демек ние не можеме да и помогнеме на државата? Нека се зголемат цените, сакаме да плаќаме повеќе, ќе одат парите за добри цели!!! Па за џабе ли ги зголемивте платите и пензиите? Што да им праам сеа на парите??? Срамота! Секој ден во 6! Пред владата! Се гледаме! Нема скап бензин нема мир!" - изјави еден од организаторите на протестот.
Се уште не сме сигурни дали организаторот знае дека сепак ние добиваме најмалку бензин за иста цена како и останатите земји од Балканот.