Конечно! После наградната игра со фискалните сметки, народот може да учествува и во нова наградна игра на владејачката партија!
Имено, во борба со лажните вести, СДСМ најавува наградна игра во која што тој што ќе сподели најмногу лажни вести ќе добие пратеничко место во партијата на следните избори!
"Веруваме дека ова е вистинскиот чекор за нашата партија, а веруваме и дека ова ќе помогне во борбата со лажните вести. Затоа, доколку видите некоја статија од човек што не го прочитал Преспанскиот договор или некој човек што тврди дека сме влезени во ЕУ или ако видите некоја статија што вели дека платите се зголемени, стандардот е маестрален, а во Вардар тече буквален мед и буквално млеко ве замолуваме да ја споделите на вашата фејсбук страница. Ние веќе следиме и во моментов водат луѓе кои постирале многу цитати од господинот Заев како опозиционер, а и како премиер. Ова изгледа дека е добитната тактика во моментов, но веруваме дека како што поминува времето, така се повеќе шанси ќе имате да споделите лажна вест од нашата партија. Тој што ќе сподели најмногу лажни вести и ветувања ќе се докаже како човек кој ги поседува квалитетите на СДСМ и веруваме дека веднаш ќе се вклопи со нашата партија!" - изјави фризерот на Оливер Спасовски на прес на партијата.