logo

# Сатира

НАЦИЈАТА ВО ИСЧЕКУВАЊЕ ДА НАУЧИ ИМИЊА НА СЕЛА ШТО НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА ПОСТОЈАТ

насловна слика

Кој вели дека нема ќар од локалните избори во Република Македонија?

 

Имено, цел ден, нацијата е во исчекување на соопштување на резултатите, со цел да се дознаат имињата на сите села во државата.

 

"Видете, кога бев мала не ме интересираше многу географија. До душа и другите предмети не ме интересираа и не учев ич, ама особено не ме интересираше предметот географија. Затоа, едвај ги чекам локалните избори за да научам нешто повеќе за помалите места во државата кои не сум знаела дека постојат." - изјави Мила Царовска за нашиот сајт.

 

Со свое мислење се јави и Влатко Ѓорчев кој кажа дека е навистина возбуден што токму денеска ќе го извадат од машината во која го чуваат затворен од едни до други избори.

Коментари


Остави коментар