Конечно граѓаните на државава се обединија во нешто!
Имено, за прв пат во историјата 100% од анкетираните дале ист одговор на некое прашање, а тоа да не биде "A be vie sto vrsite anketi, ve plakjaat od partijata samo, nalet da se storite"
Една од стотиците фирми за анкетирање во државава изврши истражување и на граѓаните им го постави прашањето "Дали треба нашата, ваша, а и впрочем сечија и ничија земја да биде брутално бомбардирана?", а 100% од испитаниците решиле да дадат одговор. Уште поневеројатно е што секој граѓанин го дал истиот одговор "Да, треба да се бомбардира земјава!".
Сепак, проблемот настанал на следното прашање - "Кој сакате да ја бомбардира земјава?"
Тука, 50% гласале за "НАТО, САД, нешто такво", а 50% од испитаниците рекле "Русија. Еве може и Кина, нешто такво"
Продолжуваме со повеќе статии после рекламите.