logo

# Сатира

НА ВРАЌАЊЕ ОД БРИСЕЛ: Заев во авион добил ОДЛИЧНИ вести од ЕУ

насловна слика

„Во авион штотуку примив одлична вест! Телефонот, за кој мислев дека ми го дрпнал некој службеник или сум го загубил додека се мував по ходници во Брисел е пронајден и ќе ми биде вратен во најскоро можно време. Голема благодарност до сите ЕУ пријатели кои учествуваа во потрагата и се потрудија да му го разубават денот на еден премиер.“ - со овие зборови премиерот Заев ја објави добрата вест преку телефонот на пилотот и донесе радост кај 2500 до 3000 граѓани кои секојдневно го бомбардираат со СМС-и и повици.

 

Ова е втор пат премиерот да добива добри вести додека е во воздух, по сега веќе историскиот лет и легендарната фотографија со Османи, Димитров и Анѓушев, на кој добивме датум за почеток што потоа премиерот го загуби и, за разлика од телефонот, никогаш не беше понајден.

Коментари

763L2DGMp9Iboi23JP95jBtW1xKlERnSOOu8p07L

Koga turcia ke vlegvit vo eu togas i nie ke bideme zaedno so 1903


Остави коментар