logo

# Сатира

НА "ТОЈ СО ЌЕБАПИТЕ" МУ СЕ ОДБИЕНИ 10999999 ЕВРА ЗА ДА СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА!

насловна слика

Лоши вести за омилениот затвореник на државата!

 

Имено, човекот што беше уапсен за кражба на ќебапи понудил 10999999 евра за да се брани од слобода, само неколку денови откако судството му го овозможи тоа на Орце Камчев, а недела откако тоа му беше дозволено и на Сашо Мијалков.

 

"Видете, ние би дозволуваме такво нешто само на луѓе што имаат 11 милион евра како гаранција. Десет милиони и неколку деветки после тоа... не се единеасет! Логично, зарем не? Ќе си поседи уште малце во затвор. Ако има единаесче... ќе видиме што може да направиме. Сепак, за правда се работи, не смееме на секој затвореник да му дозволиме да се брани од слобода, зарем не?" - ни одговорија од Основниот суд.

 

Екипата на Кооперација дознава дека "тој со ќебапите" стигнал до 10.999.999 евра откако почнал да скенира фискални сметки.

 

Коментари


Остави коментар