Во земјата на предвремени избори се наѕира уште еден, нов референдум! Имено, после лавината на реакции после вадењето на одредени зборови од речникот на зборови на нашеземјестиот јазик, Владата најави референдум.
"Јадење на гурабии на фејсбук никогаш не решило ништо. Затоа, мора ситуацијата со дигиталниот речник да се реши само на еден начин. Референдум.
На референдум ќе може да гласате за тоа дали зборот "устав" да се извади од дигиталниот речник. Дали зборот "интегритет" ќе биде опишан со слика од господинот Зоран Заев. Дали зборот "СДСМовец" ќе биде избришан бидејќи е навредлив збор. Што? Не мислите дека е навредлив? Да не сакате некој да ве нарече така?
Гледате, има премногу работи кои се контроверзни. Затоа, се ова може да се реши на референдум. Ќе си гласате и ќе видиме како да ја тераме работата со дигиталниот речник во иднина!
Секако, резултатите не се битни и ќе правиме што сакаме.
Ама битно е да се дешава нешто" - се вели во соопштение на владата