logo

# Сатира

НА ПРВАТА СВАДБА ПО ПРОТОКОЛ: Хоспитализирани 20 сватови со повреди на дланките

насловна слика

Новите протоколи за одржување на свадби што ги донесе Комисијата за заразни болести резултираа со немили сцени уште на првата свадба која се одржа по укинувањето на забраната. 

 

Имено, веселбата што се одржа во еден најпознатите скопски хотели, била нагло прекината на неколку часа пред крајот, откако повеќе од половина присутни сватови, по 4 часовно ракоплескање на ритамот на музиката, се пожалиле на болки во рацете и зглобовите, а за 20 од нив била повикана брза помош, поради тешки повреди на дланките. 

 

- Се работи за неискусни сватови, кои не се членови на ниту една од политичките партии, па логично, немаат кондиција за толку ракоплескање. Затоа ја користам оваа прилика да апелирам во иднина на свадба да се канат само докажани ракоплескачи што се дораснати на предизвикот. - рече докторот од Брза помош додека им ги превезуваше дланките на ранетите сватови. 

 

Тие во моментов се во стабилна психофизичка состојба и изразија жалење што се појавиле неспремни на свадбата, но ветија дека веднаш штом ќе бидат пуштени на домашно лекување ќе извадат членски книшки, со цел во иднина да избегнат вакви понижувања.

Коментари

qk2PoqVVlE47HIVNtA38pEh9tQ3fSpcUp0PNG2yk

Se iznasmeav.


Остави коментар