logo

# Сатира

На предлог на Пендаровски: Нивес Целзиус ќе биде дел од Советот за унапредување на образованието

насловна слика

Една од најистакнатите хрватски старлети, Нивес Целзиус, најпозната по тоа што со години ја едуцира младата популација, откривајќи ѝ ги тајните за анатомијата на женското тело, е најновиот член на Советот за унапредување на образованието, избрана на предлог на претседателот Стево Пендаровски.

 

- Имав кратка средба со госпоѓицата Целзиус и веднаш се уверив дека се работи за личност која успеала во животот без врски и без партиска книшка, потпирајќи се исклучиво на своите атрибути. Таков успех треба да им служи за пример и нејзините искуства ќе бидат од непроценлива вредност за младите генерации. - изјави Пендаровски.

 

Според извори блиски до старлетите во регионов, освен Нивес Целзиус советот ќе биде засилен со уште една  успешна личност со повеќе од 100 илјади следачи на Инстаграм, но нејзиното име за сега не се открива.

Коментари

ANkgAscaIyry5Vhtx09Uw63UrlBiW3WBo2LnLBqT

Хахаха која дрога чоече


Остави коментар