logo

# Сатира

На Оливер Спасовски за малку му избега крстот!

насловна слика

За прв пат во историјата еден политичар ќе го фатеше крстот во светите води на реката Вардар откако за малку му избега на техничкиот премиер Оливер Спасовски. Во една беспоштедна борба, Спасовски беше најблиску до крстот, но од нејасни причини едноствано му се лизна од рацете, па така крстот заврши во рацете на среќниот скопјанец Кристијан Ниневски.

„Не знам што се случи. Во најскоро време ќе спроведеме истрага и на јавноста ќе и ги соопштиме причините за бегството на крстот. Апелирам до новиот технички министер на МВР Наќе Чулев сериозно да ја сфати работата. Јавноста очекува одговорност за овој пропуст. Не би сакал да шпекулирам со имиња, но мислам дека во бегството се вклучени измиња од самиот врв на опозициската ВМРО ДПМНЕ.“ - изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Коментари


Остави коментар