logo

# Сатира

НА БАРАЊЕ НА ЗАЕВ: Владата ќе ги забрани белите коњи за да не се врати Груевски

насловна слика

По анкетата на ИРИ, според која поранешниот премиер, а сегашен азилант, Никола Груевски, е меѓу водечките политичари според поддршката од граѓаните, Владата на Нашата Земја презеде итни мерки за да спречи негово враќање во земјава на, како што предвиде неговиот наследник Зоран Заев, бел коњ.

 

- Најпрвин пробавме со добро и побаравме од унгарските власти да му ја поништат јавачката дозвола, но откако бевме одбиени решивме да преземеме нешто драстично. И затоа предложивме носење на закон со кој ќе се забранат белите коњи. Ако сака да се врати нека си дојде пешки или со кола, ама на бел коњ нема да се врати! - рекоа отсечно од Владата.

 

Кооперација се обиде да стапи во контакт со господинот Груевски за да го праша дали оваа забрана ќе влијае на неговото враќање во земјава, но успеавме да стигнеме само до неговата секретарка, која ни кажа дека Никола е на часови по јавање и ќе биде отсутен во наредните 8 часа.

Коментари


Остави коментар