logo

# Сатира

На барање на Мила: МВР формира специјална антиписмена единица за борба против книжарите

насловна слика

Антиписмената специјална единица (АСЕ) е името на новиот одред во МВР, формиран во соработка со министерката за образование, Мила Царовска, со цел да се сузбие криминалот што се врши со хартиени учебници и еднаш засекогаш да ѝ се застане на патот на писменоста.

 

Единицата ќе биде составена од искусни, посветени и докажани антиписмени партиски полтрони, кои ќе бидат обучени по НАТО стандарди и чија задача ќе биде по секоја цена да ги откријат картелите што работат со ова зло и да ги избават младите од пеколот на хартијата.

 

Формирањето на единицата досега се чуваше во најстрога тајност, но од достапните информации сигурно е дека униформите за антиписмените специјалци ќе ги дизајнира Александар Ношпал, а прв, почесен член ќе биде премиерот Зоран Заев.

Коментари

XpQN1JXcjdZkvnbLXXWnosKSxXU40PopBFI7i3bO

хахаха…скупина интелекуалаца и један нобеловац


Остави коментар