logo

# Сатира

МЖ: Возовите ќе запираат на 50км од крајната станица за граѓаните да пешачат повеќе

насловна слика

Нов „wellness & fitness“ проект за поздраво општество и физички поспремни граѓани е причината поради која вечерниот воз Скопје-Велес запрел на неколку километри од крајната дестинација, па патниците морале пешки да го продолжат патот до Велес.

 

Од Наши Железници велат дека ова било само генерална проба пред официјалното имплементирање на проектот, чиј старт е закажан за почетокот на јуни и има за цел од корен да ја измени досегашната перцепција за тоа што е железнички сообраќај, а притоа да создаде здрави граѓани, во топ форма.

 

- Почнавме со 30км, кои без никаков проблем беа совладани од првите заморчиња, но откако проектот ќе стартува, таа бројка ќе се качи на 50км. Со тек на време, како што формата на граѓаните ќе се подобрува, така ќе ја прилагодуваме и бројката, сѐ додека не стигнеме до точка возовите да седат во место, а патниците да доаѓаат до железничките станици да платат карта, за потоа пешки да си продолжат до својата крајна дестинација. - рече за Кооперација директорот на ова јавно претпријатие. 

 

Како што најави тој, сите средства што ќе се заштедат на гориво и други трошоци за одржување на возовите, ќе ги инвестираат во fitness, wellness и life couch-ови, кои ќе бидат платени да ги мотивираат патниците додека пешачат со одбрани инспиративни цитати од успешни луѓе.

Коментари


Остави коментар