logo

# Сатира

МВР: Мечката со која се сликаше заменик-директорот возела со над 150 км/ч пред сообраќајката

насловна слика

Министерството за внатрешни работи објави нови детали за сообраќајката во која една мечка го изгуби животот на регионалниот пат Битола - Ресен, според кои таа во моментот на сударот го возела својот Мерцедес со огромна брзина, неколку пати поголема од дозволената брзина.

 

- Нашите сознанија од терен велат дека мечката достигнала 167км/ч и најверојатно, поради лошите услови, излетала од патот и удрила во дрвјата покрај него. Веднаш потоа била пронајдена од заменик-директорот кој најпрвин ѝ дал вештачко дишење, па откако видел дека ѝ нема спас, сам ја извлечкал од патот и решил да се слика со неа за да ѝ го зачува споменот. - велат од МВР.

 

Тие додаваат дека постои сомнеж мечката да не била целосно трезна, затоа што според сведочењето на чесниот пронаоѓач, додека ѝ давал вештачко дишење почувствувал силен мирис на алкохол, но овие наоди сѐ уште се испитуваат.

Коментари


Остави коментар