logo

# Сатира

МВР кривично ќе ги гони пратениците што го вееја ЕУ знамето во Собранието!!!

насловна слика

Ќе ја биде земјава!!!

 

"Ако си згрешил - ќе одговараш" - вака го започна својот говор Оливер Спасовски пред неколкуте новинари кои присуствуваа на пресот на МВР.

 

СДСМ повторно докажа дека е партија која секогаш ќе се грижи за правдата и законите и ќе го казнат секој свој член, без разлика на тоа дали тој е од нивната или друга партија.

 

"Нашата земја има само едно знаме! Се знае кое е, жолто знаме со осум краци на црвена позадина. До сега неколку луѓе завршиле на суд поради тоа што вееле знаме кое не е нашето, официјално знаме. Без разлика дали станува збор за знаме со 16 краци или пак за знаме со дузина ѕвезди на него. Забрането е веење на туѓи знамиња! Затоа, ќе се покрене кривична постапка против пратениците кои вееја туѓо знаме во нашето собрание. Без разлика дали станува збор за Кутлеш, НАТО или ЕУгина или како и да се вика тоа... Ако си згрешил - ќе одговараш!" - изјави Оливер Спасовски, а сите присутни новинари започнаа со ракоплескање.


БРАВО!!! 

Си имаме свое знаме, до кога ќе вееме знамиња што не се офиицјални знамиња на земјава? Едно и едниствено! Да живее земјава!!!

Коментари


Остави коментар