„Специјална единица за антирасипнички дејствија - Фоки“ е името на новоформираниот оддел во Министерството за внатрешни работи, кој ќе има задача да ја проверува дебелината на млазот со кој граѓаните се тушираат и ќе добие отворен пристап до сечија када т.е. туш-кабина, без судски налог.
Како што објасни директниот претпоставен на единицата, министерот Оливер Спасовски, специјалците што се дел од неа поминале интензивни тренинзи за аудио-визуелно препознавање на дебелината на млазот и секој од нив е максимално подготвен за лов на неодговорни туширачи.
Тој не сакаше да одговори на прашањето дали Фоките ќе имаат право да влегуваат и во кујните на граѓаните за да ја проверат големината на тенџерињата што се користат за готвење или за таа цел ќе се формира посебен, антикујнски одред, но вети дека ќе стори се' што е во негова моќ за препораките да се почитуваат.