logo

# Сатира

МВР: Груевски е во затвор, само е на одмор, исто како и Кичеец

насловна слика

Откако дознавме дека Зоран Милески - Кичеец во последниов месец бил "на одмор од затворот", пробавме да стапиме во контакт со МВР за да дознаеме дали ваков третман добиваат и други затвореници или Кичеец има посебен третман. Воедно пробавме да дознаеме зошто за одморот на Кичеец се криеше до сега.

 

Еве е го одговорот што го добививме од Оливер Спасовски алијас "господин МВР":

 

"Да. И други луѓе го имаат овој третман. Еве на пример, Никола Груевски, Тој веќе неколку години е во затвор... ама на одмор. На одмор од затвор. Ама исто ко у затвор да е. Се сфаќаме така? Исто ко Кичеец. Е сеа Кичеец е патриот па на одмор сакаше у Македонија, а Груевски е космополит, па сакаше во Унгарија. Знаете, ние сакаме да се гордееме со нашата хуманост. Сакаме да помагаме секогаш кога можеме. Без разлика дали станува збор за бегалци од Авганистан или пак бегалци од законот - емпатија пред се! Емпатија за сите бегалци дури и тие што бегаат од правдата! Љубовта ќе победи!!! ЉУБОВТА И СЛОБОДАТА ЌЕ ПОБЕДАТ!!! ВЕ САКАМ СИТЕ!" - изјави видно среќниот Оливер Спасовски во интервју за нашиот сајт.

Коментари

cV3jffwUJhhSeBF4aFBh5VDbaZYDzibT5geKbkmv

а платен или неплатен одмор, не прецизираше .....како иден корисник на услугите на К.П. домот Идризово, би требало да е запознаен со условите .....ако не за друго , барем да ги информира дел од владината екипа....

mPQrXV6FKNBITyRwxyNXCCbGE8rnwsZA3OxUyuT4

па има подоста од спомнатата екипа заинтересирани за услугите и условите на споменатата институција

BhVkBoD1MWluzDE1aq00tAr0P7gaC49YaV6zndyY

imame shiroko srce toa e na site sakame da pomogneme


Остави коментар