Припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), кои вечерва тргнале во потрага по нелегални бадникарски огнови, биле директни сведоци на чудесен феномен што се случува еднаш во 100 години, после кој ја прекинале акцијата.
Имено, како што вели нашиот извор кој се најде на лице место, специјалците од ЕБР се обиделе да го изгаснат огнот кој го запалиле бадникарите во едно скопско село, но откако во него се појавил ликот на господинот Али Ахмети, специјалците преплашени им се извиниле на присутните и им дозволиле да продолжат со прославата.