logo

# Сатира

Мртовецот демантира дека бил украден од струмичката болница

насловна слика

Мртовецот за кој денеска сите медиуми објавија дека бил украден од струмичката болница, ги демантира сите гласани околу евентуалната негова кражба.  Мртовецот вели дека нема вистина во тврдењата дека бил украден од група на непознати луѓе, туку дека тој самиот ја напуштил болницата.

„Малееее, што лафите глупости! Кој ќе ме украде мене?! Какви глупости се това?! Сам си отидех! Кога ми кажаа дека сум умрел, ме фана некоја сафра да ви кажам, и искочив да прошетам. Сакав да се врнам послем фоф болницата, ама си рекох зашто да се врнам кога и онака сум умрел!? Сега тука, активно учествувам во овоа организирањето на погребо. Па не се умирам секој ден! Мора сè да биде под конец!“ - изјави мртовецот од струмичката болница.

Коментари


Остави коментар