logo

# Сатира

Мртовец демантира дека починал од Ковид-19

насловна слика
Вистинска драма се случува на градските гробишта во Бутел, откако еден починат граѓанин не е сигурен дали починал од Ковид-19 или сѐ уште е жив. Во продолжение прочитајте го ова ексклузивно интервју со овој жив мртовец: Новинарот: Добар ден господине, како сте? Мртовецот: Добар, еве си лежам... Новинарот: Дали сте жив? Мртовецот: Тешко прашање. Никако не можам да се одлучам. Едниве викаат дека сум жив, другиве дека не сум… Едниве викаат дека ова вирусов е заебанција дека све ова уставри е измислица за да не напикаат дома, да не затворат… Другиве викааат дека ова е опасна ствар, дека смртноста е многу голема… Новинарот: Кога дознавте дека сте мртов? Мртовецот: Сега пред еден ден. Ја бев скептик околу целава оваа работа, кога ми соопштија лекариве дека сум починал од Ковид-19. Новинарот: Како вие изреагиравте на таа вест? Мртовецот: Јас сум многу ладнокревн тип... одма почнав да организирам, поп, ковчег... си го купив најубавиот ковчег. Еднаш се живее, нек си ебе мајката! Кога некаде пред полноќ, у пет за дванаес, слушам некои од експертиве викаат дека нема врска, се ова е измислено. И сега не знам што да правам... Новинарот: А вие лично како преферирате повеќе? Мртовецот: Па не знам... мене смрт ми е кога треба да умирам... ич нејќам да се влечам по гробишта ова, она... али ќе видиме што ќе биде. Лично мислам дека не е точно дека сум починал од Ковид-19. Може и да сум починал уствари, ама не верувам дека е од Ковид-19. Всушност, ја користам оваа прилика да демантирам дека сум починал од Ковид-19.

Коментари


Остави коментар