logo

# Сатира

МПЦ планира да започне со продавање на зејтин!

насловна слика

Економската криза ги погоди сите, па дури и свештените лица!

 

Затоа, МПЦ реши да започне со продавање на сончогледово масло за готвење, односно зејтин.

 

"Криза е чедо божјо. Мора некако да се соберат пари за нов џип. А еве, народов у последниве години ептен зејтин има оставено. Затоа, да не се фрли..ќе го продадеме. Ќе се собере по некој денар. Мора да се снаоѓаш некако, нема фајде само од молитви..." - изјави еден Господин од МПЦ.

 

Македонската Православна Црква има и "План Б". Од МПЦ велат дека ќе се префрлат и на продавање на икони како NFTs ако не им успее бизнисот со зејтинот.

 

 

Коментари


Остави коментар